Пронајден човечки труп во длабок дол на планината Плачковица

Труп на непознат маж е пронајден на планината Плачковица, соопшти полицијата.

-Вчера околу 15 часот во Полициската станица Радовиш З.Н. од истоимениот град пријавил дека на планина Плачковица, на местото „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, Радовишко, забележал човечки труп, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информациите од полицијата, трупот подолго време бил на местото каде е пронајден. Бил лоциран на тешко пристапен планински предел, во длабок дол.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот е предаден на обдукција.

Претходна вестУкината пресуда за случајот „Трезор“ во кој Мијалков беше осуден на 8 години затвор
Следна вестКомората на геодети: Катастарот ги поскапе цените и до 500 отсто, податок за геодетска точка од 67 скокна на 409 денари!