Отворени новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје

Со заедничка изложба на делата на македонски и на бугарски уметници во Скопје денеска се пуштени во употреба новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје. На отворањето присуствуваа македонската министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзиниот буагрски колега Велислав Минеков.

-Бугарскиот КИЦ во Скопје и македонскиот во Софија ја имаат таа цел да не поврзат, да не едуцираат едни за други и преку културата да не доближат и како народи и како пријатели и во името на тоа пријателство отворете ги ширум портите на културата, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска.

Бугарскиот министер Минеков рече дека се предвидува зајакнување на партнерството меѓу културните кругови, средства за заеднички културни проекти, кои ќе бидат претставени како во земјава, така и во Бугарија.

– Радува фактот што Министерството за култура на Бугарија со помош на бугарскиот КИЦ создава услови за заедничка културна програма, која е дел од заедничкиот културен календар меѓу двете држави, рече Минеков, кој додаде дека соработката ќе се зајакнува во сферите на балетот, литературата, скулптурата, ликовната уметност, музиката…

Тој нагласи дека културата е оној мост, преку кои „сите ние имаме можност да се зближиме уште повеќе и да работиме рамо до рамо за да ги оствариме заедничките цели“.

Бугарскиот КИЦ, заедно со КИЦ на Македонија во Софија планираат спроведување еден заеднички проект, кој ќе се одржи кон крајот на оваа година и почетокот на следната, а е насочен кон претставување на млади музичари од двете држави.

Претходна вестПриватните превозници нема да возат додека не се реши проблемот
Следна вестИзвршен надзор во гевгелиската градинка: Детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца