Подарок за Националната галерија испрати групата словенечки уметници „Нов колективизам“. Нивното дело е насловено како „Нов светски поредок“ бидејќи е креирано во време на карантин и корона криза.
– Националната галерија и покрај тешките услови за работа во ова време ги следи и е во тек со светските актуелни случувања во уметноста и со задоволство објавува дека е меѓу неколкуте избрани музеи и галерии кои добија подарок од „Нов колективизам“ (Novi Kolektivizam), група словенечки уметници, со светски признати референци за нивното творештво, составена од Дејан Кнез (Laibach), Миран Мохар (IRWIN), Дарко Покорн (Novi kolektivizam) и Роман Уранјек (IRWIN), соопшти Националната галерија.
Уметноста била и ќе биде вистинскиот медиум за искажување критички став, а уметниците хроничари на едно време.