Нов земјотрес во Штип и околината

Нов земјотрес во Штип и околината е регистриран денеска попдлево во 16 часот и 07 минути. Потресот е со интензитет од 2 степени според Рихтеровата скала.

Според информациите, земјотресот бил 65 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Претходна вестПочинат пекар во фурна во Чаир
Следна вестСелекторот Савевски го скрати списокот на ракометарки за баражот против Украина