Починат пекар во фурна во Чаир

Вработен во фурна во Чаир е пронајден починат синоќа околу 18.14 часот.

Според информациите, се работи за 60-годишен маж од Косово. Од полицијата е идентификуван со иницијалите Т.И.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Претходна вестЗапленети четири килограми дрога во Битола, приведени пет лица
Следна вестНов земјотрес во Штип и околината