Нови 459 случаи, починаа 21 лице од ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 235, Штип – 30, Тетово -26, Куманово и Струмица – по 19, Дебар – 13, Гостивар, Охрид и Кичево – по 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Прилеп – по 9, Крива Паланка и Струга – по 7, Радовиш – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Богданци – 3, Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по 2, Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 368 оздравени пациенти од: Скопје – 136, Гостивар – 49, Куманово и Кичево – по 34, Кавадарци – 20, Штип -18, Прилеп, Кочани и Свети Николе – по 10, Битола и Велес – по 8, Радовиш – 7, Гевгелија и Кратово- по 5, Пробиштип – 4, Македонски Брод – 3, Ресен и Делчево – по 2, Струмица, Неготино и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г,), по 3 починати лица од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г, 59г) и Струмица (67г, 58г, 49г) , 2 починати лица од Кичево (67г, 67г) и по едно починато лице од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г).Пријавените починати лица се починати во болнички услови.

Направени се 5.416 тестови преку: ИЈЗ-224, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-84, ЦЈЗ Тетово–74, ЦЈЗ Куманово –83, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–285, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-293, Биотек-254, Систина-125, лабораторија Лаор-442, Синлаб-21, Ремедика-0, Плодност–91, Генеа -62, Никоб лаб-614, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-80, Ројал Медика –55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.292.

Досега во земјата се направени вкупно 1.188.356 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171.

Претходна вестСедум дена беснее пожар на Галичица
Следна вестМакедонските одбојкари со трет пораз на ЕП