По Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Домот на градежниците, и покривот на ТЦ „Мавровка“ ќе ззелени. На овој простор се планираат над 40 различни видови садници на вкупна површина од 4.000 квадратни метри, а на проектот ќе се потпише архитектот Бесиан Мехмети.
-Овој зелен покрив, од две причини: прво, да го покажеме нашиот пристап на еднаквост на Градот, и второ, да го замениме зеленилото кое во лудилото на проектот „Скопје 2014“ овде, на оваа микролокација, кај Ректоратот, беше уништено со цел да се изградат и недоизградат овие барокни згради што не се ниту дел од Универзитетскиот кампус, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Зелените покриви во светот се една од мерките за намалување на т.н. урбани топлотни острови кои воедно даваат можност за развој на вегетацијата и животинскиот свет во урбаните средини.
Нашето искуство со вакви локации е скромно – две досега, но од Градот велат дека посетеноста им дава за право како институција да продолжат да вложуваат во овој тип на простори.