Променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 11 до 22 степена.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Температура изутрина ќе изнесува 12 а во текот на денот ќе достигне 19 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



