Темен режим Режим на светлина

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, попладне со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Дневните температури ќе се движат од 1 до 6 Целзиусови степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Следна објава
Природата не ни дала нафта, но не награди со големи количества чиста вода, дали доволно ја чуваме?

Дел од Кисела Вода без вода