Облачно со повремено сонце и засилен ветер

На скопското подрачје времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во западните делови од Maкедонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 километри на час. Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови од земјава. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. 

Претходна вестРоман на годината за 2020 е „Скриени желби, немирни патувања“
Следна вест„Левица“: Се злоупотребуваат матичните броеви на иселеници за да ги попишaт без да знаат