Темно Режим Светло Режим

Облаците и сонцето ќе се пресметуваат над скопско, можен е и дожд

Променливо облачно и нестабилно со можност од пороен дожд и ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, е денешна прогноза на метеоролозите за скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.

На подрачјето на целата земја ќе преовладува променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Според УХМР, до средината на наредната недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Млади македонски режисери пријавете се на 11 по ред Balkans Beyond Borders

Следниот Пост

Што ќе кажат во завршните зборови во судот Боки - 13 и Катица Јанева?