„МиниАРТура“ е насловот на изложбата што се отвора денеска во Уметничкиот центар Арт Хаб. Ја организира Друштвото на ликовни уметници во Градскиот трговски центар. Како што посочуваат од Друштвото на ликовни уметници, ова е „уште еден уметнички предизвик, за врвните мајстори на четката и палетата кај што минуциозноста на потегот, обезбедува висок личен квалфикатив“.
Ќе бидат изложени делата на 34 автори членови на ДЛУМ: Александар Јанев, Ана Спасова, Ана Темкова, Ангелца Стоиљковиќ, Андријана Мациев, Валентина Илијевска, Ванчо Јаков, Давор Кешќец, Дејан Иванов-Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Емилија Божиновска, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ива Станковска, Ивона Велковска, Игњат Шќекич, Илина Арсова, Јовица Мијалковиќ, Кирил Геговски, Љубица Мешкова Солак, Љупчо Бојаров, Маја Димитрова, Марија Светиева, Марјана Костојчиновска Узунчева, Мирјана Крстева Масети, Перо Кованцалиев, Петра Јовановска, Силвана Атанасовска, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска, Филип Цаковски.
Ќе биде отворена до 20 декември, а ќе се додели и наградата „Златна четка“ на авторот Ана Спасова.