Од следниот вторник започнува исплатата на мартовските пензии зголемени за 1.000 денари

Од следниот вторник, 29ти март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари. Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија

Владата вчера ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година. На деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.

-Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија’, се наведува во соопштението.

Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари.

Во следната среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.

Претходна вестПо скопските улици крстарат и нерегистрирани возила
Следна вестПримирје во Луганск, гранатирања во Мариупол и Херсон, уништена лабораторија во Чернобил…