Одбележани 22 година од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001

Одборот на бранители денеска во тетовско Теарце организираше одбележување на 22 година од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001 година. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а полесни повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

Првиот човек на Одборот на бранители, Марин Најдов потсети дека е Момир Стојановски е првиот непребол меѓу сите останати паднати бранители од 2001 година и подоцна починатите од последиците на војната.

-Тие што го познаа Момир секогаш со гордост се сеќаваат на него како човек кого го краселе сите доблести на човека. Одличен професионалец и лојален кон својата татковина. Ако се вратиме во историјата ќе се сетиме дека секогаш за татковината гинеле најдоброите и најхрабрите синови, а таков беше и Момир Стојановски. Вечно ќе бидеме нивни должници што се уште постоиме и цврсто опстојуваме на ова тло и најмалку што можеме да направиме за нив е да не дозволиме никогаш да не дозволиме да заминат во заборав. Тоа е наша одговорност, да го живее споменот на нашите јунаци, поради самите нас, нашите деца и внуци кои треба да учат за вредноста на државата и слободата во неа како придобивка, истакна Најдов.

Денес после 22 години, како што посочи тој, сведочиме на несебичниот однос на бранителите кон повикот на татковината и нејзината одбрана од агресијата.

За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде таканаречената Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили.

Претходна вестЧулев: МВР доделила милионски бизнис на приватна фирма за набавка на храна иако има свои кујни
Следна вестМостот во Аеродром добар за ловење риби, но уште подобар за нов паркинг