Опожарени автомобили во скопско Лисиче

Опожарени се две возила во скопската населба Лисиче. Пожарот се случил на паркинг просторот во населбата.

– Утринава во 6.33 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачје на општина Аеродром настанал пожар во возило „пежо“, сопственост на Т. С. и патничко возило „санг јонг, сопственост на К.Х, информираат од МВР.

Причинaтa за пожарот засега е непознатa, а од полицијaта велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестДали со кршење на Деловникот се изгласа новиот Деловник?
Следна вестИзложба „Спокој“ на Александар Стефановски