Општина Центар ќе поставува фотоволтаици на училиштата и градинките

За предлогот да се основа општинско претпријатие за продажба и производство на струја ќе гласаат на следната седница советниците на Советот на Центар. Градоначалникот Горан Горасимовски во утринско гостување на Националниот сервис МРТ 1 рече дека станува збор за голем капитален проект кој предвидува поставување на фотоволтаични електрани на крововите на јавните објекти во општината. Целта е тие да се снабдуваат со електрична енергија но и да произведува вишоци кои ќе се продаваат.

Според проекциите фотоволтаични централи првично ќе бидат поставени во ООУ „Киро Глигоров“ како училиште со највисоки сметки за електрична енергија, а потоа и на останатите основни училишта.

-Направени се елаборати и испитувања каде се ќе се постават тие фотоволтаични системи. Планирано е да ги опфатиме сите училишта и градинки што се под капата на општината. Решивме да формираме посебно претпријатие како ДООЕЛ поради тоа што така имаме можност и да произведуваме за сопствени потреби и да продаваме на пазарот. Верувам дека во среда советниците ќе го изгласаат и новиот тим на луѓе коишто ќе бидат задолжени за раководење на истото од следната недела ќе се зафатат и со начинот и планирањето каде ќе се отпочне. Имаме одредена рамка и треба и самиот тим да го отпочне со работа, изјави Герасимовски.

Претходна вестЃоковиќ го израмни рекордот со Штефи Граф во неделите поминати на светскиот тениски врв
Следна вестИсторискиот Февруарски поход и сегашниот поход на владиното лице „М“