Оптимизам: Само седум нови пациенти со ковид примени во болниците во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во  ковид – центритарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 48 пациенти, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 60 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Претходна вестВо еден ден во Скопје казнети 163 возачи, најмногу за брзо возење
Следна вестСкопјани покажаа свесност за кабастиот отпад