Во еден ден во Скопје казнети 163 возачи, најмногу за брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје, како што посочуваат, изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока за возачи на мотори.

Шест се казнети за зборување на мобилен телефон додека возеле, 33 за непрописно паркирање, а три за минување на црвено светло.

Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестВо Грција може и со тест за присуство на антитела
Следна вестОптимизам: Само седум нови пациенти со ковид примени во болниците во Скопје