Османи ја смени плочата: Даде нов датум за уставните измени

Наметнатиот предлог на власта за уставни измени заглави и не оди според смислениот план на Владата. Министрите сосе премиерот сега секојдневно апелираат на заедништво, на напредок… само за да се сменел Уставот со што Македонија ќе можела да ја пофати кваката од портата на ЕУ.

Владата со месеци повторуваше – уставните измени мора да се направат до ноември, тоа е последниот рок. Ама, сега, Бујар Османи, министерот за надворешни работи ја смени плочата и на Македонија и дава нов датум за уставни промени.

– Првична цел ни е до ноември бидејќи тогаш има еден административен календар заради скринингот, меѓутоа реалниот рок е последниот ден односно мандатот на овој Парламент, значи до наредните избори, рече Османи.

Дали новиот „датум“ е само поради упорноста и посветеноста да се исполни странското барање за уставни измени, или ваквиот „датумот“ е важен за власта и поради барањето на опозицијата – ако нема уставни измени до ноември да се оди на предвремени избори – не беше баш објаснето од министерот.

Претходна вестОхридскиот сликар Славко Упевче изложи слики со мотиви од Свети Наум
Следна вестВетер оддувал чамец со две момчиња од Охрид кон Албанија, полицијата ги пронашла и спасила