Османи за изјавата на Коп: Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард

Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард за владеење на правото, изјави денеска министерот за надорешни работи Бујар Османи. Тој така одговори на новинарско прашање да ја искоментира вчерашната порака на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дадена на средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Коп соопшти дека дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава.

Османи рече дека со холандскиот амбасадор имаат суштински две концептуални разлики.

-ДУИ е еден од тие што најмногу зборува за борбата против корупцијата. Холандскиот амбасадор смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард на владеење на правото и без проговори со ЕУ. Јас мислам дека ние не можеме да постигнеме европски стандард, балкански можеме да постигнеме и сами, но европски не можеме без процес на преговори, и тие два процеса се меѓусебно поврзани. Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард. Тука прашањето е кој е постар, јајцето или кокошката, дали причината што сме блокирани или тоа што не постигнуваме европски стандард, вели Османи.

Османи  го коментираше и ставот дали има политичко влијание во судството.

-Од наша страна сметаме дека има повеќе влијание на олигархија, во критични точки во системите во државата кои се многу поопасни, посочи тој.

Вчера и партијата ДУИ имаше реакција.

-Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, се нагласи во соопштението од ДУИ.

Претходна вестАнтикорупционерите од Уставен суд ќе бараат проверка на законитоста на балансерот и на законот за преземање административци
Следна вестВласта пред да се јави во Грција да си одговори – кој е виновен за хаосот и понужувањето околу пасошите…