Парада на гордоста во Скопје под мотото „Спектакуларно непослушни“

Под мотото „Спектакуларно непослушни“ синоќа низ скопските улици се одржа 5. Парада на гордоста.

Стотици луѓе од најразлични генерации се приклучија на маршот и славењето на различности, што тргна од паркот Жена борец, а главниот собир е на стадионот на АРМ во Градски парк, каде што имаше и уметничка програма, мина без инциденти.

Организаторите изјавија дека ова е еден ден кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични. Побараат поголема отвореност од институциите каде се уште се соочуваат со дискриминација.

-Немаме видено некакво унапредување со ситуацијата со правата, што треба да се воспостават и да се направат промените во законите. Така да се надеваме дека со формирањето на новата влада и јубиленјниот петти прајд ќе направиме малце поголема видливост. Патем и со нашиот слоган „Спектакуларно непослушни“, сакаме да укажеме на тој момент, дека ние сè уште сме тука, постоиме, го имаме петтиот прајд, првиот помина одамна со промените што се направија посебно во законот за спречување и заштита од дискриминација што впрочем се случи и баш пред првиот прајд, но досега немаме видено баш некое унапредување, рече Стефан Петровски од „Скопје прајд“.

 

Претходна вестПродолжува собраниската седница, Македонија до полноќ треба да добие нова влада
Следна вестВо Битола по трет пат се одржа „Вистинска парада на гордоста“