Паркира кој каде посака, немаат возачка, не регистрираат возила…

Непрописното паркирање и натаму е најчест сообраќаен прекршок кој го прават скопските возачи. Тоа го покажуваат и вчера изречените санкции од страна на полицијата на скопското подрачје.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои 59 за непрописно паркирање, соопшти денеска МВР.

Изречени биле и 6 мерки за возење без возачка дозвола, 4 санкции за некористење на сигурносен појас, 5 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).

Полицијата уверува дека ќе контролира и наредните денови. Дали тоа го прави доволно темелно, постојано и без да има простувања на избраните?

 

Претходна вестМВР распиша конкурс за 600 полицајци, за Скопје се предвидени 100
Следна вестЗа една четвртина намален број на новозаразени од Ковид-19