Пендаровски: Одлуката на СПЦ ќе придонесе за исправање на историските неправди

Честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и до сите граѓани од православна вероисповед по повод едногласно донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА упати денеска шефот на државата Стево Пендаровски.

Тој потенцира дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед, која следи по одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење.

-Одлуката на Српската православна црква ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската архиепископија. Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество, порача претседателот Пендаровски.

Претходна вестГ.г. Стефан: Се радуваат и нашите предци кои сонуваа да ја видат обновена и автокефална Охридската архиепископија
Следна вестФранцузин уапсен на Бит Пазар