Французин уапсен на Бит Пазар

Поседување на марихуана било причина за приведување на еден француски државјанин вчера на скопски Бит Пазар.

-На 23.05.2022 во 14,00 часот во Скопје на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во соработка со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода К.Л.(25) од Франција, затоа што кај него била пронајдена марихуана, соопшти полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестПендаровски: Одлуката на СПЦ ќе придонесе за исправање на историските неправди
Следна вестСкопјанец пукал со пиштол во Чаир, се истражува вмешаноста на заменик-директорот на Биро за јавна безбедност