Пешаците вчера дома однеле и 28 казни од полицијата

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои и 28 санкции за прекршоците што ги прават пешаците, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола и четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за користење мобилен телефон, шест мерки за возач почетник, пет санкции за некористење сигурносен појас…, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

Претходна вестОткриена и четврта дупка на гасоводот „Северен тек“
Следна вестЈСП „Скопје“ бесплатно ќе вози за „Бела ноќ“