Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фабрички погони се оштетени – торнадо во Кина

Пет лица загинаа, 33 се повредени, а над 140 фабрички згради се оштетени, како последица на торнадото што го зафати јужниот кинески град Гвангжу.

Според кинеската метеоролошка служба, невремето се случило околу 15 часот. На видеата што се споделуваат на интернет, се гледаат густи темни облаци додека торнадото пустошеше делови на трасата по која се движеше.

Попладнето беше издадено ново предупредување за торнадо, кое и се случило на другиот крај на Гвангжу. Причинета е голема материјална штета, но нема информации за смртни случаи.

Овој временски феномен не е непозната појава во Кина. Источната кинеска провинцијата Џиангсу во септември беше погодена од торнадо, пришто загинаа 10 луѓе.

Претходна вестКовачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија
Следна вестДимитриевски: ЗНАМ е опција која ќе ја придвижи Македонија напред