Во последните 24 часа се направени 841 тестирање во Македонија, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив, најмнoгу се од Скопје – 46, Куманово 6, Штип 6, Прилеп 2, Тетово 17, Струга 9, Велес 3, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 1, Струмица 1, Свети Николе 1и Ресен 6.
-Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни, информира министерството.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти : Скопје 10, Прилеп 2 и Тетово 1.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241, се наведува во инфорамцијата.
Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.