Пијанистот Коробејников од Русија, вечерва во Филхармонија

„100 метрономи“ е насловот на концертот што ќе се одржи вечерва во Филхармонија. Диригент е Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи пијанистот Андреј Коробејников од Русија.

Според програмата на Филхармонија ќе се свири вториот став од Симфонијата бр. 101 „Часовник“ од Хајдн, Концертот за пијано и оркестар бр. 5 и Симфонијата бр.8 од Бетовен и Симфониска поема „100 метрономи“ од Лигети.

-Унгарскиот композитор Герг Лигети, делото „100 метрономи“ го напишал во 1962 година. Изведувачи на делото се 100 метрономи, за кои Лигети напишал партитура и инструкции како треба да „свират“. Делото го изведуваат десет музичари кои имаат по 10 метрономи што ги местат на знак на диригентот, според инструкциите кои ги запишал Лигети. Композицијата звучи како вистинска ракета од какофонични звуци, наведуваат од Филхармонија.

Претходна вестЌе ги послуша ли власта забелешките за Законот за здравствена заштита или како и образованието…?
Следна вестНеисплаќање на К-15 за државните административци е реформа, казна или…?