Темно Режим Светло Режим

По голема борба: Ѓорческа поразена од Зиданшек во три сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Австралија опен откако беше поразена во второто коло. Подобра од неа беше словенечката тенисерка Тамара Зиданшек, која славеше со 2:1 во сетови (4:6, 6:2, 7:5) по два часа и 15 минути игра.

Ѓорческа одлично го отвори мечот и првиот сет го доби со 6:4, искористувајќи две брејк можности, наспроти еден брејк на противничката. Сепак, Зиданшек возврати во вториот сет, кој го доби убедливо со 6:2 и го израмни резултатот.

Во решавачкиот трет сет македонската тенисерка повторно стартуваше сигурно, направи брејк и поведе со 1:0, а потоа и со 3:1. Но, словенечката тенисерка се врати во игра и во шестиот гем успеа да израмни на 3:3. Клучен момент беше 12. гем, кога Зиданшек направи брејк на сервис на Ѓорческа и го освои сетот со 7:5, иако македонската тенисерка претходно успеа да спаси една меч-топка.

Со овој пораз, Ѓорческа не успеа да го повтори успехот од 2017 година, кога играше во финалето на квалификациите на грен-слем турнирот во Мелбурн.

Ова беше трет настап на Лина Ѓорческа во квалификациите на Австралија опен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Време ли е да заврши накалемениот експеримент наречен техничка Влада?

Следниот Пост

Годишниот план за 2025: 481 енергетски објект со 1.265,89 MW, доминираат фотоволтаиците