Почина македонската пијанистка и професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Јасминка Чакар. Имаше 81 година а тажната вест пристигна по кусо боледување.
Чакар е родена во Битола, каде почнува музички да се едуцира. Дипломирала на Музичката академија во Загреб, 1963 година. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, 1976 година. Работела како професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година.
Јасминка Чакар на концертните настапи била солист но и во различни состави, не само во Македонија туку и во други европски земји. Таа е добитник на државната награда „ 11 Октомври“, но и на наградата „ 13 Ноември“.