По многу години, Пандев повторно ќе го облече дресот на Интер за ревијален натпревар

Maкедонската фудбалска легенда Горан Пандев по пауза од повеќе од деценија повторно ќе го носи дресот на Интер и тоа во пријателски натпревар на легендите на овој тим против ветераните на Грузија. Натпреварот ќе се игра на 7-ми март во Батуми.

Покрај Пандев во овој натпревар ќе учествуваат и останати големи имиња од историјата на Интер како: Фиго, Верон, Матераци, Снајдер, Фреј, Занети…Во ревијалниот натпревар во кој резултатот ќе биде во втор план тие ќе играат против легендите на грузискиот фудбал.

Интересно за Пандев е што за него ова ќе биде враќње во земјата каде што го постигна еден од најважните голови во својата кариера, голот со кој ја одведе македонија на Европското првенство во плеј-офот против Грузија.

Пандев дресот на Интер го носеше во период 2009 до 2012 година, а во 2010 година под водство на Жозе Мурињо ја освои и тројната круна (Лига на шампиони, Копа Италија и Серија А).

Претходна вестАмериканска потпретседателка: Видовме Палестинци како јадат лисја, а деца умираат
Следна вестНе го користеле мозокот, само мускулите: Го урнале летниковецот на Марково Крувче