Темно Режим Светло Режим

По неколкуте инциденти: Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“

Прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување безбедносни закани, одлука е што ја донесе Владата. Одлука е донесена на владината седница одржана во вторникот и веќе е во сила по нејзиното објавување во „Службен весник“.

-Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на општината Гази Баба, на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом „Идризово“ ја врши својата надлежност поради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата, гласи текстот на одлуката.

Од органите на државната управа се бара да преземат мерки и активности во согласност со прописите за управување со кризи, а од главниот штаб за управување со кризи при ЦУК да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.

Центарот за управување со кризи, претходно денес, објави дека припадници на МВР и Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостиг на чувари. Од ЦУК образложија дека еден од главните проблеми со кои се соочува „Идризово“ е недостигот на кадар во затворот и дека бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи секојдневните потреби и активности. Ќе се бара начин за вработување нов кадар, кој ќе биде одговорен за безбедноста и за ресоцијализаицијата на затворениците.

Ова се случува по неколкуте инциденти во затворот поврзани со бегствата на затворениците. Во март годинава беше откриено постоење на ископан тунел долг околу 40-тина метри кој требаше да биде наменет за организирано бегство на затворениците. Тунелот бил ископан во делот каде што се наоѓаат високо ризични осуденици.

Претходно, во јануари, се случило бегство на затвореникот кој со комбе бил превезуван во болница. При транспоротот, затвореник му го одзел пиштолот на затворскиот полицаец кој го возел, пукал во него а потоа побегнал со друго возило кое го чекало. Бегалецот во затворот во Идризово отслужувал казна затвор во висина од 20 години поради убиство.

МВР минатиот месец поднесе кривична пријава против вработен во „Идризово“ кој му овозможил на еден затвореник да избега од затворот со тоа што му дал службена картичка за отворање на безбедносна врата. Затвореникот откако побегнал од затворот, влегол во казино и го ограбил со закана со пиштол.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Туристи шокирани на Миконос: Сметка за пијалок, мезе и салата 800 евра

Следниот Пост

Жена нападнала маж во стан во Охрид, а потоа искршила и дел од покуќнината