Овој понеделник, по повод Светскиот ден на театарот, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за публиката. На 27ми март со почеток во 20 часот, љубителите на театарот ќе имаат можност бесплатно да ја гледаат претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која ќе играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.
„Само глас“ е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.
Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани, светската порака од Самиха Ајуб – египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени – актерка.
Билетите ќе можат да се подигнатна денот на изведбата од 14 часот на билетарницата на МНТ.