Повеќегодишниот директор, педагог, репетитор Антон Баталаков – Тони, почина на 76 години, информираат од МОБ. Баталаков во Македонскиот народен театар бил од 1964 до 1992 година, каде што работел како солист, долгогодишен репетитор, бил и директор на Балетот од 1979 до 1989, педагог во училиштето, каде што предавал класичен балет и дуетен танц.
-Танцувајќи кореографии со различни стилски определби, создава и остава обемен репертоар. Неговите изведби се класични, стилизирана класика, модерни кореографии, карактерни стилизации, до драмски изведби. Најзабележителни креации постигнува во карактерно-драмскиот фах, но и модерните стилизации не заостануваат, велат од НОБ.
Тој е познат по улогите во Пријатели на Франц во „Копелија“ (1963), „Балада за Скопје“ (1967), Парис и Ромео во „Ромео и Јулија“ (1969), Алберт во „Жизел“ (1973 и 1987), Валс на пролетта во „Штраусијада“ (1976).