Несреќа со трагичен крај во кичевско. Имено, вчера во попладневните часови во СВР Охрид било пријавено дека во кичевското село Другово се случила трагедија во која загинал 54-годишник од селото.
Според пријавата, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор, несреќниот 54-годишник ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на самото место.
Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.