Починале 9 пациенти од вирусот, новозаразени се 509 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 2.813 тестирања, при тоа регистрирани се 509 нови случаи на Ковид-19.

Новозаразените се во Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка  – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје  (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид  (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар  (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти.

До сега во Македонија се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.

Претходна вестНова најава: Булеварот „Борис Трајковски“ ќе се доизгради до Драчево
Следна вестПриведени, изјави и префрлување одговорност за бегството на Мијалков – МВР вели тој е уште тука