Почнува недела на шпански филм во Кинотека

„Омега“ е документарниот филм со кој вечерва се отвора неделата на шпански филм во Кинотека на Македонија.

Вљубениците во шпанскиот израз ќе може да ги гледаат и „Духот на пчелната кошница“ од Виктор Ерис, дебитантскиот филм на Базилио Мартин Патино „И девет писма за Берта“ што спаѓа меѓу најзначајните наслови на новата шпанска кинематографија, како и „Национално наслество“ и „Ракетата од Калабуч“ на Луис Гарсија Берланга. И не само класичните документаристички варијанти, туку ќе бидат прикажани и социјалната драма „Невините светци“ на Марио Камус, како и „Матахарис“ на Исиар Бојаин.

Ова е 12 ти по ред концепт во форма на недела на шпанскиот филм, што се реализира меѓу Кинотека и шпанската амбасада.

Претходна вестСе сомнева ли Заев дека „ќе падне“ во четврток па ја одложи оставката?
Следна вестСончево со мала облачност и утринска магла