Почнува полагањето државна матура

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита – мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, кој е задолжителен за сите 15 620 матуранти пријавени за полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија. Според податоците на Државниот испитен центар, од вкупниот број пријавени, 6,750 се од гимназиско образование, 8.598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.768, албански јазик и литература 4.380, турски јазик и литература 357 матуранти.

На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.

Како и во минатите години, најмногу пријавени (13.922) има за испитот по англиски јазик, за математика се пријавени 1.397, француски јазик  – 29, германски јазик – 122, руски јазик – 17, естетика – 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.

Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори.  Матурантите  што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август.

Претходна вестМомче од Куманово нападнато во Центар
Следна вестВучиќ за состојбата на Косово: Се плашам дека не чекаат многу лоши работи, знам со кого си имаме работа