Темен режим Режим на светлина

Почнува разврската: Се менува Уставот или се оди на брзи избори?

Замислата на власта да се смени Уставот денеска ќе биде на парламентарниот дневен ред. Во 11 часот започнува расправата по единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот.

Владиното мнозинство долго време интензивно ја бомбардира јавноста дека Уставот мора да се смени за Македонија конечно да ја допре кваката од портата на ЕУ. Влезот ќе се случел потоа – министрите сосе премиерот се оптимисти дека тоа ќе било во 2030 година.

Од друга страна опозицијата не се согласува со наметнатите уставни измени. Со владиниот ултиматум не се согласува ниту мнозинството на граѓаните во Македонија. Анкетите покажаа дека кај Македонците тоа мнозинство е значително.

Што ќе покаже денешниот ден во парламнетот? Народните избраници ќе го послушаат народот или настојчивоста на власта?

Според деловникот дебатата трае најмногу десет работни дена. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови. Би требало за тоа да се гласа веднаш по исцрпените дискусии предвидени со конкретен рок, но власта најавува дека гласањето може да биде одложено се до момент кога тие ќе проценат дека треба да се гласа.

Се чини СДСМ и ДУИ се подготвени до крајот на мандатот да чека ( а и да работи на тоа) некој пратеник од опозицијата да се предомисли. Но, отворено е и прашањето – има ли можеби некој од владејачкото мнозинство кој нема да гласа за уставните измени?

Според многумина ако денеска се види дека власта не го обезбедила потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, ќе треба да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори.

Ќе се менува Уставот или веднаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори треба да се реши брзо. Македонија нема време да чека нови и нови владини објаснувања – „Сега е моментот за менување на Уставот“. Многу нерешени проблеми има во земјава додека министрите го чекаат „моментот“.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 40 минути

Следна објава

Казнети 81 возачи за брзо возење