Почнува судењето на актерката Силвија Стојановска за набавка и продажба на 700 килограми кокаин

Неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама е обвинение за кое денеска во скопскиот Кривичен суд ќе почне судењето на познатата актерка Силвија Стојановска. Освен неа на обвинителната клупа ќе седне и нејзиниот поранешен сопруг Воислав Будисављевиќ кој е обивнет за истото кривично дело.

-Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Р. Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа, соопшти Обвинителството.

Денес Обвинителството и обвинетите треба да ги дадат воведните зборови пред судот.

Судот претходно го прифати барањето на Обвинителството и ги продолжи мерките за обезбедување на присуство за двајцата обвинети. Актерката Стојановска веќе неколку месеци се наоѓа во куќен притвор, а пак, Будисављевиќ во притвор. Двајцата беа приведени на крајот од месец декември минатата година.

Претходна вестТешко повреден 52-годишник при судир на мотоцикли во Куманово
Следна вестМВР со детали за закопаното оружје во струшко: Најдени се 138 гранати, 30 рачни фрлачи, 41 сандак со муниција калибар 7,62…