Викендов во Преспа почнува првиот мултимедијален фестивал посветен на овој дел од Македонија, PRESPALAND 2021.
Историјата и традицијата на регионот ќе биде прикажана на различни начини, концерти и други изведби.
Станува збор за 3 месеци на одржување на едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби.
-За овој период, во континуитет со 11 настани ќе посетиме 6 села, ќе поминеме 200 километри во природа и ќе разубавиме 11 локации, велат организаторите.