Темно Режим Светло Режим

„Поле за игра“ во четврток во Македонска филхармонија

„Поле за игра“ е насловот на концертот што ќе се случува утре во Македонската филхармонија, на кој како солист ќе настапи виолинистката од Казахстан Ајман Мусахоџаева. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн.

Виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан е на листата на исклучителни музичари на 20 -тиот век која ја направи Енциклопедијата на универзитетот во Кембриџ, а од биографскиот центар на овој угледен универзитет ја доби и титулата „Интернационален уметник за 2003 година“. Мусахоџаева е и „Уметник на мирот“ на УНЕСКО, а наградена е од претседателот на Италија и од Ватикан за своите уметнички достигнувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Да им „викневте“ вака на депониите како на 20 улици што ги раскопавте, „џам“ ќе беше градот преку ноќ

Следниот Пост

Претежно облачно со повремен дожд