Полицаец тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Полицаец бил тешко повреден во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Тој за време на сообраќајката управувал службено возило.

– На 29.11.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Љубљанска“ со бул. „Илинден“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(43) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“, сопственост на МВР. Во незгодата полицискиот службеник, кој го управувал службеното возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти полицијата.

Увид извршила од екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСоветување: Алтернативните казни ќе ја намалат преполнетоста на затворите
Следна вестМожен ли е нов конфликт, Бразил распореди војска на границата со Венецуела