Советување: Алтернативните казни ќе ја намалат преполнетоста на затворите

Поголема примена на алтернативните казни, да се изрекуваат општокорисни казни наместо казна затвор со цел да се намали преполнетоста на затворите во државата, беше кажано на средбата во Штип на која присуствуваа и експерти од Хрватска, како и судии од Основен кривичен суд Скопје. Тие ги споделуваа искуства од пракса со изрекувањето на општокорисни казни или алтернативни казни со заштитен надзор.

Јовица Стојановиќ в.д. директор на Управата за извршување на санкции вели поголемата примена на алтернативните казни значи дека во казнениот систем ќе има простор повеќе да се изрекуваат општокорисна работа и други алтернативни казни кои се опфатени во Законот за пробација.

-Со тоа што би се довело до едно трајно намалување, решение за непреполнување на затворскиот систем, кој во моментот е преполн, вели Стојановиќ.

Судијата Билјана Коцевска рече дека алтернативни мерки се даваат за полесни кривични дела, но судовите кои се дел од штипското Апелациско подрачје се со нула вакви мерки. Таа истакна дека целта на казнувањето може да се постигне и со изрекување алтернативни мерки и тенденција е ваквите мерки да се користат почесто.

-Покрај условната осуда се изрекува и заштитен надзор, од случај до случај е различно, дали некој што нема работа да најде работа, или доколку е некој зависник треба да се лечи, доколку е насилник во тој случај се упатува во прв семеен центар. Тоа се критериумите врз основа на кои ги определуваме овие мерки за заштитен надзор, рече Коцевска.

Според неа, праксата покажува дека ефектот од изречени условни санкции со заштитен надзор е голем, ама потребно е вакви санкции да се изречуваат од сите судови, а не само од Кривичниот суд.

Претходна вестУбаво: Засадени 11 000 садници на Ајватовски рид во општина Илинден
Следна вестПолицаец тешко повреден во сообраќајка во Скопје