Убаво: Засадени 11 000 садници на Ајватовски рид во општина Илинден

Општина Илинден спроведе акција за пошумување на Ајватовски рид, на делот кој беше опфатен со големите пожари летово и беше уништена шума во површина од 30 хектари.

Во акцијата, која се спроведува во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“, засадени се 11 000 садници од видот багрем, а учествуваа голем број граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација, како и општествено одговорни компании. Како што велат од Илинден, целта е да се обнови шумата и заеднички да се подигне еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваар сите грашани, но и идните генерации.

Градоначалникот Александар Георгиевски присуствуваше на акцијата и притоа истакна дека сечија обврска е активно да се грижи за подобрување на еколошката свест, со цел да се придонесе за чист воздух и здрава животна средина, такашто, како што најави, ваквите еколошки акции ќе продолжат и во иднина да се реализираат.

Претходна вестБербок: Русија не успеа да го уништи ОБСЕ
Следна вестСоветување: Алтернативните казни ќе ја намалат преполнетоста на затворите