Темно Режим Светло Режим

Полицијата приведе поранешен директор на Онкологија

Приведен е поранешен директор на Клиниката з аОнкологија во рамките на полициската акција што се спроведува од изутринава во оваа здравствена институција, но и по домовите на дел од вработените.

Телевизија Сител, повикувајќи се на очевидци на случувањата пред Онкологија објави дека во 08:30 часот полициски службеници со лисици на рацете го изнеле еден од поранешните директори на Клиниката.

Со постапката според неофицијални информации на ТВ Сител опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор.

Според неофицијални информации од истражните органи, се вршат претреси во канцелариите на тројца лекари од клиниката. Постапката е по наредба на обвинителството.

– Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме, велат од ОЈО за Сител.

Инаку, во овој претпладневен период Клиниката работи вообичаено, а пациентите ги вршат своите потреби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Париз втор ден блокиран, земјоделците си ги бараат своите права

Следниот Пост

Турчинка се развела од сопругот поради лоша хигиена, ќе земе отштета од над 16 илјади долари