Мицкоски ја доби тужбата: Медиумот на Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата дека сум изградил куќа во Козле

Порталот Бриф на Џабир Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата дека сум изградил куќа во Козле, објави утрово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Дополнително медиумот на Џабир Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата првично пласирана од кујните на СДСМ и ДУИ дека наводно сум изградил куќа во Козле. Ниту сум изградил, ниту имам куќа надвор од имотот кој веќе го поседувам. Народот треба да биде свесен дека ваквите лаги се силно потхранувани и ширени и од инсталациите на власта во дел од една лажна опозиција која е на услуга на власта, и тоа лесно се препознава. Тие повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење, наведе Мицкоски.

Тој додаде дека со години е предмет на најцрната кампања на власта.

-Таа треба да ја засени вистината која ја збориме за тешкиот живот. Но количеството на криминал, неправди и тежок живот е толку голем, што ниту една лага не е погласна од тоа. Така и мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина. Промените доаѓаат!, напиша Мицкоски.

Тој наведе и дека добил извинување од медиумот за изнесената клевета кон него.

Претходна вестКонцерт на Филхармонија со Табаков и перкусионистката Колева од Бугарија
Следна вестКапацитетите на обновливи извори на енергија во Македонија лани пораснале за 160 отсто