Темен режим Режим на светлина

Полицијата приведе поранешен директор на Онкологија

Од утката на Онкологија со набавка на нови лекови страдаат пациентите, треба ли сега карциномот да го молиме да не се шири? Од утката на Онкологија со набавка на нови лекови страдаат пациентите, треба ли сега карциномот да го молиме да не се шири?

Приведен е поранешен директор на Клиниката з аОнкологија во рамките на полициската акција што се спроведува од изутринава во оваа здравствена институција, но и по домовите на дел од вработените.

Телевизија Сител, повикувајќи се на очевидци на случувањата пред Онкологија објави дека во 08:30 часот полициски службеници со лисици на рацете го изнеле еден од поранешните директори на Клиниката.

Со постапката според неофицијални информации на ТВ Сител опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор.

Според неофицијални информации од истражните органи, се вршат претреси во канцелариите на тројца лекари од клиниката. Постапката е по наредба на обвинителството.

– Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме, велат од ОЈО за Сител.

Инаку, во овој претпладневен период Клиниката работи вообичаено, а пациентите ги вршат своите потреби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Париз втор ден блокиран, земјоделците си ги бараат своите права

Следна објава

Турчинка се развела од сопругот поради лоша хигиена, ќе земе отштета од над 16 илјади долари