Полицијата пронајде неколку предмети, се верува дека се на исчезнатата Лидија Трајковска

Пронајдени се предмети за кои се верува дека кои и припаѓаат на исчезнатата Лидија Трајковска која последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го утврдиле движењето на жената – таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево. На тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот вчера биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер.

-Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршени се обиколки по течението на реката Вардар, заедно со граѓани и роднини на исчезнатата, велат од МВР.

Како што претходно објави нејзиниото семејство, таа носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

-Исчезната е мојата мајка, последен пат видена на автобуска на Јурумлери, носи зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми, доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208, напиша на Фејбук ќерката на Трајковска.

Полицијата, заедно со роднини и волонтери, продолжуваат со пребарување на теренот, а извршени се и обиколки по течението на реката Вардар. Пребарана е пошироката околина, вклучувајќи и напуштени објекти, а потрагата продолжува со помош на дрон, кој ги надлетува бреговите на реката во должина од пет километри.

 

Претходна вестГрад Скопје: Се гаснат подметнати пожари на депонијата во Визбегово
Следна вестДел од општина Зелениково денеска без струја