Полицијата ги таргетирала моторџиите, 305 биле санкционирани

Возачите на мотоцикли вчера биле најмногубројни прекршители на сообраќајните правила на скопските сообраќајници. Од вкупно 163 прекршоци кои што ги санкционирала сообраќајната полиција дури 53 направиле мотоцискисти. Излегува дека секој трет прекршител бил возач на две тркала.

а возење повеќе од дозволената брзина имало 27 санкција, девет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 37 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти денеска МВР.

Инаку, сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден спровела засилени контроли на целата територија на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што казнети се дури 305 моторџии.

Да се надеваме дека полицијата ќе успее да ги скроти многуте моторџии на кои сообраќајната култура не им е омилена тема.

Претходна вестДемократски сојуз бара Пендаровски да не го потпишува законот за дивоградбите
Следна вестРК Металург и ЖРК Куманово ќе ги бранат трофеите